Полнење на противвоздушен систем С-400 „Тријумф“ во текот на редовните маневри на авијацискиот полк во Московската област.
Григориј Сисоев/SputnikКако што изјави началникот на Федералната служба за военотехничка соработка (ФСВТС) Дмитриј Шугаев, посебен интерес за овој ПВО-систем покажуваат земјите од Блискиот Исток и Северна Африка. За набавка на С-400 се заинтересирани десетина земји.
Тој изјави дека преговорите со потенцијалните купувачи на С-400 се во тек. Последниве 15 години ПВО-системи од Русија имаат купено околу 30 земји.
Дмитриј Шугаев истакна дека, иако на пазарот постои мошне широк избор на ваква техника, побарувачката за руските ПВО-системи е стабилна и тешко дека странската конкуренција ќе успее да ги потисне.
Началникот на ФСВТС е уверен дека според своите карактеристики и цената руската техника ги надминува странските пандани.
Претходно директорот на „Рособоронекспорт” Александар Михеев изјави дека Русија почнала со производство на противвоздушните ракетни системи С-400 за Турција.
Противвоздушниот ракетен систем С-400 (во верзијата за извоз „Триумф”) влезе во состав на вооружувањето на руската војска во 2007 година. Системот може да ги уништи сите современи и напредни системи за воздушен напад, а меѓу нив крстосувачки ракети, авиони на тактичка и стратешка авијација, маневрирачки боеви глави на балистички ракети.
Дострелот за гаѓање на аеродинамични цели е до 400 километри. С-400 може да соборува и нисколетечки цели до минимална висина од 5метри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче