Го однесе како да е играчка: Ми-26 со челични сајли префрли во Кронштат авион тежок 16 тони

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Овој хеликоптер го движат два турбоелисни мотори, од кои секој генерира сила од дури 10000 КС. Толкавата сила му овозможува на овој хеликоптер да подигне и транспортира товари со голема тежина.

На интернет се појави видеоматеријал кој ја прикажува операцијата за транспортирање на борбен авион Су-27 со помош на тежок воено-транспортен хеликоптер Ми-26 која се одигра во Санкт Петербург.

На видеоснимката се гледа како Ми-26 на сајли го носи „ловецот“ кој е тежок 16 тони, и со него го надлетува градот.

Хеликоптерот полета од аеродромот Левашово, го собра Су-27 од Пушкино и го однесе во воено-историскиот парк во Кронштат.

Ми-26 со капацитет на товарната кабина од дури 110 кубни метри претставува најголем воено-транспортен хеликоптер на светот. Во неговиот транспортен простор може да се смести практично цела една пешадиска чета со личното вооружување, како и „планина“ различен материјал чија носивост има еквивалент на еден камион-шлепер.

Грдосијата ја движат два турбоелисни мотори, од кои секој генерира сила од дури 10000 КС. Овие мотори, како и капацитетот на горивото обезбедуваат толкав товар за помалку од 2 часа да се префрли до која било точка во радиус и до 500 км. Со дополнителни резервоари овој хеликоптер е способен да долета до точка која се наоѓа на далечина од преку 2000 км.

Руската армија, како и некои приватни компании за транспорт, во својот состав имаат преку 100 хеликоптери од овој тип.

Прочитајте повеќе: Најтешкиот руски хеликоптер повторно лета и е отпорен на ракети