Русија го претстави во Кина најновиот хеликоптерски мотор ВК-2500ПС-03

Хеликоптер Ми-171А2

Хеликоптер Ми-171А2

Хеликоптери на Русија

На 7 ноември 2018 година Обединетата корпорација за производство на мотори (Объединенная двигателестроительная корпорация – ОДК, дел од државната корпорација „Ростех“) на воздухопловниот саем „Airshow China 2018“ во Кина го претстави најновиот турбо-осовински мотор ВК-2500ПС-03, чија основна примена ја има кај хеликоптерот Ми-171А2, кој претставува најнова модификација на хеликоптерите Ми-8/17. Ова го соопшти ОДК.

Саемот „Airshow China 2018“ се одржува во периодот од 6 до 11 ноември во Џухај. По завршувањето на саемот, хеликоптерот Ми-171А2 опремен со моторот ВК-2500ПС-03 презентиран на оваа манифестација од страна на холдингот „Хеликоптери на Русија“, ќе тргне на демонстративна тура по земјите на Југоисточна Азија.

Моторот ВК-2500ПС-03 е најновата итерација на моторот ВК-2500 со унапредени перформанси и карактеристики. Го користи најнапредниот руски систем за дигитално-електронска контрола и надзор со повратни информации FADEC. Имплементирана е противпомпажна заштита, со што е исклучена можност за дефект на моторот поради силни удари на воздухот, намален атмосферски притисок во врелиот воздух на големи висини, силни бочни ветрови во текот на полетувањето и сл. Работата за сертификација на ВК-2500ПС-03 е извршена во 2016 година. Од 2017 година мотори од овој тип масовно произведува компанијата „Климов“ од Санкт Петербурга.

„Уверени сме во квалитетот на нашите производи – што е потврдено и со позитивните впечатоци на нашите корисници. Ние сме добри партнери на нашите муштерии, а нашите сигурни мотори ВК-2500ПС-03 долго време успешно ќе работат во Кина, ширум Југоисточна Азија, како и било каде во целиот свет“, изјави Александар Ватагин, извршен директор на „Климов“.

„Кина денес е еден од клучните корисници на хеликоптери не само во Азија, туку и во целиот свет. Денес преку 400 руски хеликоптери се регистрирани тука, но овој пазар продолжува рапидно да расте, потребни му се уште цивилни возила, а ние сме подготвени да ги дадеме“, рече Андреј Богински, генерален директор на холдинг компанијата „Хеликоптери на Русија“.

Прочитајте повеќе: Во Русија направен првиот пробен примерок на модернизираниот хеликоптер Ми-171Ш

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња