Ми-26
Виталиј В. Кузмин/Wikipedia.orgЕскадрилата тешки воено-транспортни хеликоптери Ми-26, која се наоѓа во рамките на Источниот воен округ, во текот на оваа година во рамките на операцијата за снабдување на руската војска во Арктичката зона пренесе повеќе од 1000 тони различен товар.
Хеликоптерите доставија помош до истурените гарнизони на ова стратешки многу важно подрачје на Руската Федерација, истакнува информативната агенција „Интерфакс“.
Како што соопштува информативната служба на Источниот воен округ, товарот е испорачуван до руските гарнизони кои се наоѓаат во Анадир, на островот Врангел и на ‘ртот Шмит. Самата операција на снабдување се изведувала во мошне неповолни метеоуслови, низ сложен географски терен.
Командата на Источниот воен округ поради замор често врши ротација на персоналот за летање кој учествува во логистичките воено-транспортни задачи на ова подрачје.
Напомена
Ми-26 со капаците на товарната кабина од дури 110 метри кубни претставува најголем воено-транспортен хеликоптер на светот. Во неговиот транспортен простор може да се смести практично цела една пешадиска чета со лично вооружување, како и „планина“ различен материјал чија носивост има еквивалент на еден камион-шлепер.
Грдосијата ја движат два турбоелисни мотори од кои секој генерира сила од дури 10,000 Кс. Овие мотори, како и капацитетот на горивото обезбедуваат толкав товар за помалку од 2 часа да се префрли до која било точка во радиус и до 500 км. Со дополнителни резервоари овој хеликоптер е способен да долета до точка која се наоѓа на далечина од над 2000 км.
Руската армија, како и некои приватни компании за транспорт, во својот состав имаат преку 100 хеликоптери од овој тип.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче