Специјалистите кои ја сочинуваат основата на борбените екипажи на ракетните системи за противвоздушна одбрана на Крим во целост ги усвоија методите за базична експлоатација и борбена примена на системите С-400 „Триумф“, „Тор-М2“ и „Тунгуска“, соошти информативната служба на Јужниот воен округ.
„Борбените екипажи на ракетните системи за противвоздушна одбрана кои се наоѓаат во состав на 58 комбинирана армија на ЈВО и единиците на 4 армија на ВВС и ПВО (двете формации се распоредени на Крим) успешно ја завршија дообуката на новите и модернизирани борбени системи „Тунгуска-М1“, „Тор-М2“ и С-400 „Триумф“ кои влегоа во вооружувањето 2018 година“, се вели во соопштението.
Изминативе два месеца младите специјалисти на Крим во целост ги усвоија методите за базична експлоатација и борбена примена на системите „Тунгуска-М1“, „Тор-М2“ и С-400“, нагласува информативната служба на ЈВО.
Во теренски услови се исполнети сите нормативи на префрлување на системите од маршовска во борбена позиција и обратно, како што е уредување на огнена позиција, употреба на транспортно-логистичка техника за полнење и подготовка на орудија, тактика на откривање и следење на воздушни цели, тактика на извидување на воздушни цели и нивна класификација според степенот на опасност и сл.
„По завршувањето на боевите гаѓања единиците на противвоздушната одбрана со новата борбена техника изведоа комбиниран марш до позициите на постојаната локација“, се наведува во соопштението на информативната служба на ЈВО.