Големи воени маневри на Црноморската флота (ЧФ), со учество на десантни сили и авијација, се изведени на Крим, изјави началникот на информативното одделение на флотата, капетан втора класа Алексеј Рулев.
„Преку три илјади припадници на армискиот корпус на Црноморската флота учествуваа на билатералната бригадна тактичка вежба на инвервидовскиот полигон Опук на Крим“, ги пренесуваат руските медиуми зборовите на Рулев.
Маринците на Црноморската флота се истоварија на брегот и, под заштита на авијацијата на Јужниот воен округ, изведоа борбен десант.
Единиците го зазедоа крајбрежниот реон и продреа длабоко на „непријателската територија“. Бригада на крајбрежната одбрана на армискиот корпус на флотата, со своите артилериски и воздушно-десантни сили, ја играше улогата на хипотетички непријател.
На маневрите учествуваа преку 200 единици воена техника, вклучувајќи самоодни хаубици „Нона-С“, „Гвоздика“ и други.
Претходно секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина Александар Турчинов најави големи вежби на вооружените сили на Украина во Азовското море.
Украина, исто така, во моментов на своја територија ја спроведува вежбата „Чисто небо 2018“ со уште 10 членки на НАТО алијансата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче