Руските пилоти покажаа како го уништуваат „непријателот“ на Крим

Виталиј Тимкив/Sputnik

Пилотите на авиони Су-25, Су-30М2 и Су-27СМ3 од прво лице покажаа уништување на хипотетички непријател на небото над Кубањ и Крим.

Снимката од воената вежба ја прикажа ТВ-каналот „Ѕвезда“.

Пилотите на Јужниот воен округ ги применија вештините за антиракетно маневрирање, детекција, зафат и уништување на копнени и воздушни мети.

Вежбите беа одржани на полигонот „Опук“ на Крим, како и во Темрјукскиот реон на Краснодарската област.

Се истакнува дека во текот на вежбите авијацијата е подигната на највисокото ниво на борбена готовност, а екипажите имаа само 10 минути да се подготват за полетување.

Пилотите летаа во парови и ги пресретнуваа воздушните мети. Освен тоа, јуришните авиони извршија неколку школско-борбени прелети во кои лансираа ненаведувани ракети и „паметни“ авиобомби.

Резултатот е „уништување на складишта на гориво, неколку складишта на оружје и муниција, како и жива сила на хипотетичкиот непријател непријател“, изјави Вадим Астафјев, началник на прес-службата на Јужниот воен округ.

Вкупно беа изведени преку 40 прелети и околу 80 напади на мети со боева муниција.

Претходно Украина изведе боеви гаѓања од ПВО-системи С-300 и Бук-М1 во Херсонската област, по должината на границата со Крим.  Снимката од воените вежби од полигонот „Јагорлик“ беше прикажана на украинската телевизија.

Погледнете го видеото: Ескадрили со Су-30 и Су-34 во Црното море бомбардираа непријателски бродови

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња