„Тајфуните“ не знаат за пречка: Објавени снимки на „летечките“ блиндирани возила

Скриншот

Руското Министерство за одбрана постави на својот „Јутјуб“ канал снимка на која се прикажани можностите на современите блиндирани возила од фамилијата„Тајфун“.

Видеоснимката е објавена по повод Денот на воените возачи.

Од снимката се гледа како возилото функционира во различни услови, на патишта завеани со снег, ридест и на терен без асфалтни патишта.

Благодарение на својата сила и маневарските можности во одредени моменти во текот на совладувањето на пречките оклопното возило буквално полетува над патот. По аналогија со руските „летечки тенкови“ блиндираните возила „Тајфун“ се наречени „летечки блиндирани аатомобили“.

Прикажани се и возачите во кабината додека управуваат со блиндираните камиони со кое се превезува товар.

Прочитајте повеќе: Оклопните возила „Тајфун-К” добиваат нови заштитни системи

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња