„Дупчи“ оклоп и ѕидови: Во Сирија забележани „Тигри“ со тешки митралези „Корд“

Интернет портал Бог-рата
Комбинацијата на маневри и голема огнена моќ е исклучително важен елемент во тактиката на копнените единици. Во таа смисла, руските конструктори сѐ повеќе ги поставуваат тешките митралези „Корд“ на многу подвижните оклопни возила како што е „Тигар“. Оваа комбинација покажа одлични резултати во Сирија.

На првите модели оклопни автомобили „Тигар“ гледавме класично стрелечко вооружување како митралезот ПКМ со калибар 7,62 мм и неговиот наследник – митралезот „Печенег“ кој ја користи истата муниција. Меѓутоа, сведоци сме на појавата на сѐ потешки модели на оружје кои се инсталираат на оваа платформа како што се тоа, на пример, тешките митралези ДШКМ и „Корд“, пренесува интернет-порталот Бог-рата.

Овие митралези користат муниција 12,7х108 мм и се карактеризираат со голема огнена моќ која е идеална како средство за непосредна огнена поддршка. Благодарение на конструкцијата на овие митралези, но и силата на самиот куршум, тие се ефикасни на далечини од 1500-2000 метри. На тие далечини можат да уништат непријателска жива сила која се наоѓа во леснооклопни борбени средства¹. Праксата во Сирија покажа дека овој митралез, во пар со моќна оптика многу ефикасно „лови снајперисти“ по градските солитери, а често се случуваше со рафална стрелба низ фасадата во целост да уништи група непријателски војници која се криеше во станбените единици.

На „Твитер“ се појави фотографија од Сирија на која се гледа оклопен автомобил „Тигар“ на кој се наоѓа тежок митралез „Корд“. На автомобилот има и фронтална заштита која го штити нишанџијата од огнот на непријателот, како и од фрагменти од експлозија.

Борбените искуства во употребата на ваков тип оружје се усвоени и во руската армија. На пример, специјалните единици од состав на Јужниот воен округ кои масовно ги користат овие оклопни автомобили, полека ги засилуваат со тешки митралези „Корд“.

Покрај тоа, во вооружувањето се усвојуваат нови модели на оклопни возила „Тигар“ кои имаат станица за далечинско управување со боев модул „Арбалет-ДМ“. Во овој случај нишанџијата директно од возилото управува со огнот, со што се намалува ризикот од загуби. Притоа неговата „убоитост“ е значително зголемена. Благодарение на употребата на термовизискиот нишан и ласерскиот далечинометар кој ја мери оддалеченоста до целта, ова оружје е еднакво ефикасно дење и ноќе.

Овие новитети не учествуваа само на паради и воени вежби. Тие поминаа и реална проверка во Сирија, каде во пракса ги покажаа своите најдобри карактеристики.

Тешкиот митралез „Корд“ е долг речиси два метри, а неговата тежина надминува 35 килограми. Брзината на стрелба достигнува и до 700 куршуми во минута. Почетната брзина на зрното кај устата на цевката е околу 850 м/сек. Ресурсот на митралеската цевка гарантира 10000 испукани куршуми.

¹Во својот борбен комплет овој митралез има пробојно-запалива муниција БС-41. Овој куршум може да пробие полна панцирна челична плоча дебела 30 см од растојание од 100 метри.

Погледнете што сè може тешкиот митралез „Корд“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња