Сирија: Ниту бетонски ѕидови не ги спасуваат терористите од рускиот „Корд“

Корд

Корд

YouTube
Русите им подарија на припадниците на христијанската милиција тешки митралези „Корд“ со кои ефикасно се бранат сите населени места од теророт на „џихадистите“. Неговата огнена моќ е особено импресивна за време на изведувањето на таканаречените „урбани“ борбени операции каде не постојат препреки за неговиот панцирно-запаллив куршум БС-41.

Митралезите со голем калибар „Корд“ продолжија активно да им помагаат на сириските единици и на локалната полиција, кои ја чистат својата држава од терористите. Така на социјалните мрежи е објавена група фотографии каде се гледаат припадници на христијанската милиција кои во своето вооружување ги имаат новите руски митралези со чија помош ги бранат своите села, своите жени и деца и илјадагодишните светињи од ноторните криминалци. Не постои никаков сомнеж дека овие митралези се подарок од Руската Федерација со цел спасување на христијанските простори на сириската територија.

Овие митралези за првпат се забележани во Сирија уште во ноември 2014 година за време на уличните борби во Дамаск (населено место Џобар). Иако во тој момент припадниците на сириската армија имаа релативно мали количества од овие силни митралези, беше забележана нивната голема огнена моќ, особено кога тие се употребуваат во урбани услови.

Корд е тежок митралез кој се користи со редник со муниција со калибар од 12.7х108 милиметри. Тој е предвиден за борба против леснооклопните цели, но и утврдените огнени точки на непријателот на оддалеченост и до 2.000 метри. Практиката во Сирија покажа дека овој митралез заедно со моќната оптика мошне ефикасно „лови снајперисти“ по градските висококатници, а често се случува со рафален оган низ фасадата целосно да се уништи група непријателски војници која се криела во станбените единици. Во својот борбен комплет овој митралез има пробојно-запаллива муниција која минува низ ѕидови како да се од картон. Тука пред сè се наоѓа панцирно-запалливиот куршум БС-41 кој може да пробија полна панцирна челична плоча со дебелина од 30 милиметри на оддалеченост од 100 метри.

Со комплетната опрема овој „рафален топ“ е долг речиси два метри, а неговата тежина надминува 35 килограми. Максималната брзина на огнот достигнува и до 700 куршуми во минута, додека почетната брзина на куршумот на излезот од цевката е 850 метри во секунда. Ресурсот на митралеската цевка гарантира импозантни 10.000 испукани куршуми.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња