Модернизираниот „Тигар-М“
YouTubeМодернизираната верзија на оклопниот автомобил „Тигар“, унапредена врз основа на воените искуства во Сирија, ќе биде прикажана на статичката експозиција во подмосковскиот парк „Патриот“ во рамките на големиот саем на вооружување и воена опрема „Армија-2018“ кој почнува на 21 август 2018 година.
„Тигар“ доби моторен отсек со повеќе оклоп, зајакнат со панцирни плочи од бочните страна и од долната страна на возилото, потоа вграден е далеку помасивен преден браник, додека сите прозорски окна на возилото се заштитени со специјални решетки. Целосно се редизајнирани и предните светла на возилото кои се засилени со ксенонски сијалици и заштитени со решетки, а поставени се и два рефлектора на покривот на возилото. На модернизираната верзија на„Тигар“ е поставена камера која покрива полн круг околу возилото. Редизајнирана е и внатрешноста на возилото во кое се поставени нови анти-травматски седишта.
Во целина автомобилот изгледа мошне помасивно од претходните верзии, има далеку поагресивен дизајн и е офарбан во пустинска камуфлажа. Сите применети подобрувања се резултат од насобраното воено искуство во експлоатацијата на возилото во Сирија. Возилото е развиено врз база на автомобилот за специјална намена АСН 233115 „Тигр-М-СпН“.
Треба да се додаде дек паралелно со овој проект се работи на развој на нова генерација возила „Тигар“, која компанијата ВПК треба да ја претстави кон крајот на 2018 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче