Извршени се првите тестирања на овој блиндиран автомобил. Ова за агенцијата „Интерфакс“ го соопшти генералниот директор на Военоиндустриската компанија Александар Красовицки.
Според него, веќе е направен пробен примерок и е извршено првото пробно артилериско гаѓање.
„Многу структури покажаа интерес за овој автомобил и сега се во тек преговори и подготовка на документите потребни за понатамошна работа“, изјави Красовицки, а пренесува порталот rg.ru.
Блиндираниот автомобил „Тигар“ го добиваат разни безбедносни структури на Русија. Се прават повеќе од 30 различни модификации на овој автомобил. Меѓу последните верзии е самоодниот минофрлачки систем МЗ-204 „Горец“, направен од компанијата „Мотовилихинские заводи“.
Системот што е монтиран на задниот дел од возилото име електромотори кои ја движат цевката на минофрлачот по правецот и аголот на гаѓање. При гаѓањето се спуштаат потпирачите кои спречуваат неконтролирано повлекување при дејството на минофрлачот. За време на гаѓањето екипажот на самоодниот минофрлачки систем „Горец“ се наоѓа во блиндираната кабина на „Тигарот“. Подготовката за гаѓање и самото гаѓање од минофрлачот се изведува без излегување на екипажот од автомобилот. Минофрлачот се полни полуавтоматски.
Минофрлачкиот систем М3-204 „Горец“ може да ги користи сите видови мини калибар 120 милиметри, вклучувајќи го и високопрецизниот проектил „Грањ“, кој може да ја погоди целта на растојание од 9 километри.
Покрај тоа, во случај на потреба, цевката на минофрлачот лесно се демонтира од возилото, а со помош на потпирачот и лафетот кои исто така се наоѓаат во возилото, се претвора во класичен минофрлач калибар 120 милиметри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче