Ѕверките од Исток: МО на Русија ги претстави новите оклопни возила „Мечка” и „Тигар“

Министерството за одбрана на Русија ги претстави новите оклопни возила, објави порталот Russia Today.

Оклопното борбено возило ВПК-3924 „Мечка” (Медведь) е наменето за превоз до осум војници во полна борбена опрема. Оклопната заштита е отпорна на сите видови стрелечка муниција, вклучувајќи ги тука и панцирно-запалливите куршуми, додека подот на возилото е конструиран во форма на буквата V, што претставува дополнителна заштита од експлозија на нагазни мини еквивалентни на 6 кг ТНТ. Возилото е тешко 12 тони и опремено со дизел-мотор кој генерира 300 коњски сили. Со овој погон „Мечка“ може да развие брзина до 90 километри на час. Возилото има независен систем за потпирање, преземен од оклопниот транспортер БТР-90. Неговата трансмисија е иста како и кај „Урал“. На покривот може да се постави митралез, автоматски фрлач на гранати или на противтенковски ракети.

Вториот новитет е лесното оклопно возило „Тигар”, кај кое управувачот се наоѓа од десната страна. Оваа специфичност предизвика голем број на коментари кај интернет-корисниците. Речиси секој втор коментар е посветен на овој новитет, со истовремени претпоставки за која држава е наменета оваа варијанта на „Тигар“. Возилото е тешко седум тони, произведено е во воениот завод на ГАЗ, достигнува брзина од 150 километри на час, може да се движи по нерамни терени, а оклопот го штити од сите видови стрелечка муниција.

Медицинската варијанта на „Тигар” не поседува вооружување, но затоа има пространо медицинско одделение со специјална опрема.

„Ова возило е наменето за Министерството за вонредни состојби“, објаснуваат конструкторите.

Корисниците на интернет позитивно ја оценија новата техника.

Прочитајте повеќе за 3 „бетмобили“ на руската армија

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња