Според нацрт-буџетот на Русија, планирано е во 2019 година во националната одбрана да се вложат 2.9 билиони рубли.
Трошоците во 2020 година, според прогнозите, ќе изнесуваат 3 билиони рубли, а во 2021 година 3.2 билиони рубли, пренесува РИА Новости. Во однос на бруто националниот производ трошоците за национална одбрана ќе изнесуваат 2,8% во 2019, 2,7% во 2020 и 2,7% во 2021 година.
Кога станува збор за националната безбедност, планиерано е во 2019 и 2020 година да се потрошат по 2.25 билиони рубли, а во 2021 година 2.32 билиони рубли. Во однос на бруто националниот приход тоа е 2.1% во 2019, 2% во 2020 и 2% во 2021. година.
Во претходниот нацрт на буџетот беше предвидено Русија во 2018 година да потроши 2.8 билиони рубли за набавка и одржување на воената техника и вооружување.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче