Главната специфичност на борбените дејства е во тоа што тие многу често се изведуваа во ноќни услови. Имено, хеликоптерските екипажи своите борбени мисии мораа да ги изведуваат со помош на прибор и очила за ноќно набљудување.
„Главно летавме на мали и екстремно мали висини. Ваквиот начин на приближување до целта бара тотална концентрација на пилотите во текот на целото времетраење на мисијата. При изведувањето на вакви задачи кај пилотите се јавуваше висок степен на психичка напнатост. Тие по враќањето во базата излегуваа од своите хеликоптери практично мокри“, изјави за магазинот „Армиски стандард“ (Армейский стандарт) полковник Василиј Клешенко, заменик-началник на 344 воздухопловен центар.
Притоа хеликоптерските екипажи на апаратите Ми-28Н, Ми-28УБ, Ми-35 и Ми-8 изведуваа тактика на борбена примена врз копнени цели во сложени метео-услови. Ударите се изведувани поединечно или во пар од висина од 50-200 метри и дистанца од 300-1500 метри.
Посебна популарност кај младите пилоти има новиот школско-борбен ударен хеликоптер Ми-28УБ. На новиот хеликоптер се интегрирани специјални амортизирачки седишта која ја минимизираат можноста за настанување на тешки повреди поради пад на хеликоптерот, како и нов радар кој ги прошири тактичко-техничките можности на хеликоптерот во неговата експлоатација во сложени метео-услови. Покрај тоа, популарната „летечка тврдина“ (термин кој е даден поради жилавоста на леталото) го задржа ударниот потенцијал на основната верзија на хеликоптерот Ми-28Н „Ноќен ловец“.
Според полковникот Василиј Клешенко, во модернизираната варијанта Ми-28УБ се реализирани најквалитетни технички решенија кои се однесуваат на едноставноста на управувањето со леталото заклучно со подобрувањето на ергономијата на самата кабина. Многу важна карактеристика на новото летало е способноста за пилотирање со примена на очила за ноќно набљудување.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче