Новиот хеликоптер Ми-28УБ ќе биде тестиран во Сирија

Ми-28Н „Ноќен ловец“.

Ми-28Н „Ноќен ловец“.

Борис Егоров
Новиот руски хеликоптер Ми-28УБ со двојно управување ќе биде испратен за тестирања во Сирија, соопшти генералниот директор на холдингот „Хеликоптери на Русија“ (Вертолеты России) Андреј Богински.

Според Богински, во моментов е потребно да се направи хеликоптерот да биде школско-борбен за управувањето со него да може да се реализира од секоја од кабините.

„Би сакале хеликоптерите да поминат овде (во Сирија) своевидно тестирање“, додаде тој, пренесува „Взгљад“.

Во јануари беше соопштено дека хеликоптерите Ми-28УБ „Ноќен ловец“ со најновата модификација за двојно управување успешно ги поминале државните испитувања и од 2017 година ќе станат дел од вооружувањето на Вооружените сили на Русија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња