Сериската испорака на модернизираниот хеликоптер Ми-28НМ „Ноќен ловец“ со двојно управување ќе започне во 2018 година. Ова го изјави командантот на Воздушно-космичките сили (ВКС) на Русија генерал-полковник Виктор Бондарев, пренесува „Газета.ру“.
„За Ми-28НМ нема ниту едно отстапување. Тоа е прекрасен хеликоптер, многу ни е потребен. Во 2018 година е планирано да завршат пробно-конструкторските работи и ќе оди кај војската“, изјави Бондарев во текот на авиосаемот МАКС-2017.
Тој истакна дека хеликоптерот ќе го добијат сите авијациски единици, затоа што има двојно управување и овозможува на него да се обучуваат млади пилоти.
Во мај 2016 година беше соопштено дека холдингот „Хеликоптери на Русија“ подготвила за Министерството за одбрана на РФ нова модификација на „Ноќниот ловец“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче