Неодамна лидерот на фракцијата ЛДПР во рускиот парламент Владимир Жириновски изјави дека руската армија во своето вооружување покрај системите С-300 и С-400, поседува и системи С-500, С-600 и С-700. Според зборовите на овој политичар, последниов во низата ќе има такви можности што ќе може да воведе забрана за летање практично над целата планета.
„С-500 допрва се подготвува да влезе во сериско производство. Познато е дека целосно нов систем кога ќе се прими во вооружувањето мора да помине одреден временски период на експлоатација во војската. Тој временски период трае отприлика 5-10 години. По истекот на овој период врз основа на насобраните искуства е можно да се ревидираат плановите за моделот на воздушно-космичката одбрана, поточно за понатамошната набавка на овој систем и неговото распоредување. И, се разбира, во тој поглед можно е после сето тоа да се појави идеја за развој на негов наследник“, изјави Леонков за интернет порталот РИА „Новости“.
Во најдобар случај, според зборовите на соговорникот, системи со такви карактеристики како што е споменатиот С-700 можат да се појават „во далечната иднина, а прашање е дали е тоа воопшто и можно“. Доколку се појави такво нешто, „тоа веројатно ќе се вика поинаку или ќе се појави нешто потполно ново (систем кој ќе користи денес непозната технологија – Заб. на прев.).
Според неговите зборови, сите противвоздушни ракетни системи направени во Русија имаа свој природен развој: С-75, С-125, С-200, С-300 и С-400, и на крај С-500 кој сега минува низ својата завршна етапа на комплетирање.
Како што напомена Леонков, за време на развојот на ракетниот систем С-300 чија базична верзија (С-300П) е примена во вооружувањето 1978 година, се појавија неколку негови модификации. Значи, воениот експерт со ова сака да каже дека без оглед на тоа што системот е воведен во вооружувањето, неговиот развој не запира тука. Тој во наредните години, па и децении, и понатаму се усовршува додека не се исцрпи целокупниот негов конструкторски потенцијал. Доволно е само да се погледне разликата меѓу базичната верзија на ракетниот систем С-300П и неговата „набилдана“ верзија С-300 ПМУ-2 која претставува практично потполно нов систем со оглед на неговите тактичко-технички карактеристики.
Значи, патеката која руските конструктори ја „изгазија“ со перманентното усовршување на серијата „300“ ќе се примени и при развојот на најновиот комплекс С-500 и неговите евентуални идни наследници. По етапи, чекор по чекор...
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче