Александар Вилф / РИА Новости
Според планот, најновите ракетни системи ќе ѝ бидат предадени на армијата во 2020 година, вели Вјачеслав Ѕиркалн. Определени елементи од новиот противвоздушен систем се веќе успешно тестирани, додава тој.
Потпретседателот на владата на Русија Дмитриј Рогозин, одговорен за развојот на воени-индустриските комплекси, претходно изјави дека С-500 ќе биде во секој поглед поефикасен ракетен систем од постоечките.
Ова уште во април оваа година го соопшти генералниот конструктор на компанијата „Алмаз-Антеј“ Павел Созинов.
„Направивме прогноза на развојот на средствата за напад од воздух и космос во следните 25 години. Нашиот систем треба да има можност за борба против средствата кои денес сè уште не постојат, но треба да се почекува да се појават. Станува збор за пресретнување ракети во разредени слоеви од атмосферата, а исто така и во горните слоеви од атмосферата оддалечени на стотина километри од Земјата“, рече тој.
С-500 се позиционира како систем кој ги соборува сите цели, започнувајќи од малкугабаритните проектили па сè до космичките апарати во орбитата на Земјата. Системот уништува цели во радиус од 600 километри и може истовремено да открие и да уништи десет балистички хиперсонични цели кои развиваат брзина од 7 километри во секунда, а исто така ќе уништува боеви блокови на хиперсоничните ракети.
Покрај лансерот со ракетите за системот С-500 се прави посебен радар кој ќе ги интегрира податоците од другите радари и ќе ги распоредува на сите останати системи за противракетна одбрана, одредувајќи воедно од кој систем ќе се гаѓа определена цел во зависност од неговата важност.
„На пример, со ракетите С-500 не треба да се пресретнуваат беспилотни летала во низок лет, зашто таа е премногу евтина, но радарот командата за пресретнување ќе ја издаде на другите системи, на пример на системот 'Верба'. Операторот на 'Верба' ќе добие податоци за целта од радарот С-500 по што му останува само да го притисне копчето и да испука ракета“, вели Вадим Козјулин, професор на Академијата за воени науки.
Исто така, системот С-500 ќе служи за интегрирање на сите противвоздушни ракетни системи во Русија и ќе биде своевиден центар од кој ќе се издаваат задачи за другите системи за ПРО.
Ракетите за С-500 ќе се базираат на новите физички принципи и ќе развиваат хиперсонична брзина (6.150-12.300 км/ч).
Во рамките на програмата за модернизација на вооружувањето за 2018-2025 година во Русија треба да се појават примероци на хиперсонични ракети. Тоа се, на пример, бродските противвоздушни ракети „Циркон“ кои први во Русија на тестирањата постигнаа хиперсонични показатели.
„Со оглед на тоа дека постојат ракетите Циркон, појавата на хиперсонични противвоздушни ракети за С-500 поврзани за програмата за модернизација на вооружувањето 2018-2025. Мислам дека во овој период ќе се појават првите ракети и првиот пробен модел С-500“, смета Козјулин.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче