Рускиот холдинг за производство на мотори НПО „Енергомаш“ и кинеската Вселенска корпорација за наука и технологија планираат да се впуштат во заеднички развој на напредни ракетни мотори. Според соопштението на „Роскосмос“, наведениот протокол е потпишан во рамките на меѓународниот аерокосмички саем „Air Show China 2018“. Документот го потпишаа Игор Арбузов, генерален директор на НПО „Енергомаш“ и Лиу Џижан, претседател на Шестата академија на кинеската Вселенска корпорација за наука и технологија.
„Според договорот, соработката на полето на ракетни мотори може да се применува во сферите на развој на ракетни мотори на течно гориво врз база на керозин-оксид, оксихидроген и оксиметан“, се прецизира во соопштението „Роскосмос“.
До крајот на 2018 година кинеската страна ќе му ги испрати на НПО „Енергомаш“ техничките барања во склад со обемот на работа, а во јануари 2019 година договорните страни ќе ги одржат финалните консултации со цел формирање на финалната верзија на техничките барања. Следниот чекор на холдингот НПО „Енергомаш“ ќе биде подготовка и предавање на пакетот-документи за државната вселенска агенција „Роскосмос“ за да може владата на Руската Федерација да издаде акт со кој се овозможува соработката во наведената област.