Во рамките на опитно-конструкторскиот проект „Феникс“, кој меѓу другото има за цел и конструирање на нов ракетен мотор за перспективната ракета-носач од средна класа „Сојуз-5“, заврши комплетирањето на еталонската макета за моторот кој ќе ја носи ознаката РД-171МВ.
Во текот на конструирањето на макетата на новиот ракетен мотор се реализирани нови конструкторски решенија за наведениот проект, а при проектирањето се земени предвид и сите карактеристики на неговите летечко-технички перформанси кои мораат да бидат компатибилни со перспективната ракета-носач „Сојуз-5“ . Формираната макета понатаму ќе се користи во фазата на понатамошната разработка на експерименталните примероци на новиот ракетен мотор РД-171МВ, како и за идните конструкторски зафати во текот на неговото склопување.
Така кон крајот на 2017 година е завршен техничкиот нацрт-проект на моторот кој е проследен до Ракетно-космичкиот центар - РКЦ „Прогрес“. Без оглед на тоа што самиот мотор РД-171МВ користи многу технички решенија позајмени од неговиот претходник РД-171М, станува збор за модернизација која според својата концепција ќе биде капитална. Конкретно, се работи за мотор кој го користи класичниот руски концепт на изработка на ракетни мотори, кај кој системот за управување и регулирање на неговата работа е во целост од домашно производство.
Во овој момент сите претпријатија кои се ангажирани во овој проект работат на формирање на проектната документација, што подразбира и тродимензионално моделирање кое е многу важно во подготвителните циклуси пред етапата на неговата практична изработка. Веќе во декември оваа година „Енергомаш“ ќе ѝ достави на компанијата РКС „Прогрес“ напредна макета на ракетниот мотор за комплетот многу сложени динамички испитувања.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче