Како што истакнува воениот експерт Јуриј Љамин, автоматските пушки „Калашников“ се здобија со заслужено признание во армијата но и другите безбедоносни структури на Саудиска Арабија. Тоа се случи без оглед на фактот дека ова кралство е традиционален купувач на вооружување од западно потекло.
„Во моментов таму се наоѓа голема количина германски автоматски пушки Heckler & Koch G36, како и постари модели на G3. Руските модели на автоматските пушки АК-103 Саудиска Арабија ги набави пред неколку години, за опремување на падобранските и стандардните специјални единици“, истакнува Љамин.
Вистина, оваа држава првин ја набави романската варијанта на АК која користи муниција со калибар 7,62х39 мм, и оваа пушка навистина во голема мера е распространета меѓу саудиските сили за безбедност.
„Минатата 2017 година меѓу „Рособоронекспорт“ и саудиската делегација од нејзиниот воено-индустриски комплекс беше потпишан договор за лиценцно производство на автоматската пушка мод. АК-103, но понатамошната реализација на овој проект и понатаму е неизвесна“, нагласува Љамин.
АК-103 е извозна варијанта на автоматските пушки АК-74М со калибар 7,62х39 мм. Нишанскиот мерач на далечина е обележан на 1000 метри, кундак и предниот ракофат се направени од црна пластика отпорна на удари, додека метални делови се заштитени од корозија. Рамките имаат капацитет од 30 куршуми. Брзината на стрелба е 600 куршуми во минута. Почетната брзина на зрното е 715 м/сек. Тежината ѝ е 3,62 кг. Пушката има и место за местење на потцевен фрлач на гранати.