Руските војници наскоро опремени со пушките АК-12 и АК-15

АК-12 користи муниција калибар 5,45 мм, како и рамки од АК-74.

АК-12 користи муниција калибар 5,45 мм, како и рамки од АК-74.

Kalashinikov.Media
Концернот „Калашников“ на 29 јануари објави дека неговите јуришни пушки победија на воените испитувања и ќе станат главното рачно оружје на армијата, кое ќе биде интегрирано во воената опрема „Ратник-2“ во наредните години.

Руските десантни, морнарички и пешадиски сили ќе бидат првите кои ќе бидат опремени со пушките АК-12 и АК-15.

На прв поглед, новиот АК-12 изгледа како модифицирана верзија на АК-74. Го користи истиот куршум од 5,45 мм како и неговиот претходник, но новата пушка има подобрена ергономија и интегрирана „Пикатини“ шина, така што може да се монтираат разна оптика и нишани на пушката. Исто така, може да се додадат различни тактички додатоци како вертикален држач, батерија и ласерски нишан.

Пушката, исто така, има нова рамка, така што војниците можат да видат колку куршуми им имаат останато, а исто така има и кундак кој се повлекува, што ја зголемува прецизноста во затворен простор.

Друга важна работа што ја дефинира АК-12 се нејзините четири начини на стрелба: безбеден, полуавтоматски, рафал со два куршума и целосно автоматски. Има помалку отскокнување во споредба со претходните модели на АК, а лесно можат да се инсталираат колиматорски нишани за да се направи попрецизен.

Нема никаква техничка разлика помеѓу АК-12 и АК-15 - само во разликата на куршумот што го истрелуваат. Втората пушка е засилена со помоќен куршум од 7,62×39 мм (како АК-103 и АК-47).

Ако сакате да дознаете повеќе за најдобрите пушки во Русија и да ги видите најмоќните, кликнете овде.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња