Во Русија е во тек развој на 17 подводни дронови

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Во моментов во Русија се работи на развој на седумнаесет подводни беспосадни возила, соопшти во средата претседателот на Обединетата корпорација за бродоградба Алексеј Рахманов.

Ова информација ја изнесе како дел од презентацијата посветена на перспективите на руската бродоградба за наредните 20 години. Според податоците од слајдовите, во моментов се работи на развој на 17 подводни дронови во Руската Федерација.

„Гледаме што се случува во светот, вклучувајќи ги глајдерите со чија помош подводните возила можат да се движат без дополнување на батериите и до два екватора растојание. Во суштина, сѐ е многу едноставно – нашите возила се движат со помош на пропелери, а глајдерот ја зголемува и намалува силата на потисокот, односно го напумпува и испумпува баластот, со што е можно да се совладаат и до 80 илјади километри“, изјави тој, коментирајќи го слајдот за подводните дронови.

Прочитајте повеќе: Русија нема да ги каже карактеристиките на беспилотниот подводен апарат на атомски погон „Посејдон“