Руското Министерство за одбрана се обрати по повод распоредувањето на системите С-300 во Сирија

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Руските советници продолжуваат да ја обучуваат сириската војска за користење на ракетниот систем за противвоздушна одбрана С-300,  соопшти портпаролот на Министерството за одбрана на РФ генерал Игор Конашенков.

Тој исто така истакна дека заедно со руските системи за ПВО С-300 на Сирија ѝ се предадени и автоматизирани системи за контрола на огнот и средства за ПВО од типот „Полјана Д-4“.

„Во овој момент руските инструктори го подготвуваат сирискиот воен персонал за ракување со овие комплексни системи за противвоздушна одбрана“, додаде портпаролот, пренесува РИА „Новости“.

„Полјана Д-4“ е автоматизиран контролен систем за ракетни бригади кои оперираат со системи С-300 или „Бук“. Во употреба влезе 1986 година. Современата верзија („Полјана-Д4М1“) може да следи дури 500 цели, а до нив наведува до 255 цели.

Весникот „Взгљад“ наведе дека С-300 во Сирија е недопирлив за Израел.

Минатата недела на интернет се појавија сателитски фотографии од зоната на распоредување на руските С-300 во Сирија.

Прочитајте повеќе: Сериозно засилување: Русија испрати во Сирија ракетни системи далеку посовршени од С-300 ПМУ-2