С-300ВМ „Антеј-2500“ во акција
Слободан ЃукиќРусија испрати во Сирија ракетни системи со голем дострел С300ПМ, кои можат да користат ракети 48Н6, изјави за „Интерфакс“ главниот уредник на магазинот „Арсенал Отечества“ Виктор Мураховски, пренесува интернет порталот Лента.ру.
„Тоа е С-300ПМ. Тој користи ракети од семејството 48Н6“, рече стручњакот. На тој начин рускиот воен експерт го коментираше видеоматеријалот од истоварувањето на противвоздушната транспортно-лансерска единица на тркала на пистата на авиобазата „Хмејмим“ во Сирија.
Вчера министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу го извести рускиот претседател Владимир Путин дека Русија извршила испорака на ракетни системи со голем дострел на Сириската Арапска Република. Притоа е кажано дека се испорачани 49 единици различна техника кои се интегрален дел од овој систем, со акцент дека меѓу нив имало и четири лансирни единици (токму тие се видени на снимките од истоварувањето од тешките воено-транспортни авиони Ан-124-100 „Руслан“).
Испораката на ракетните системи С-300ПМ е поврзана со тешкиот инцидент кој на крајот на септември се случи недалеку од воздухопловната база „Хмејмим“ кога беше срушен руски специјален авион-извидувач при што се случи авиокатастрофа која ја потресе цела Русија. За овој инцидент се виновни пилотите на израелските авиони F-16 Fighting Falcon, кои во тој момент се наоѓале во близина на овој авион каде како „жив штит“ го злоупотребија за да го избегнат дејството на сириската ПВО. Она што најмалку можеше да стори Русија во тој момент штотуку се случи. На Сирија ѝ е испорачан значително помодерен ракетен систем со кој многу поефикасно ќе го контролира својот воздушен простор, при што ќе се избегнат вакви кобни грешки.
Протввоздушниот ракетен систем С-300ПМ е варијанта на фамилијата „300“ која е направена врз база на С-300ПС. Руската војска го прими во состав на вооружувањето во 1993 година. Модернизираната верзија ПМ е способна да води борба на растојание од 200 км со различни воздушни објекти, вклучувајќи и летала кои се движат со хиперсонична брзина.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче