Системот за ракетна противвоздушна одбрана С-300 кој Русија ѝ го предаде на Сирија ќе го затвори воздушниот простор во радиус од 150 до 250 километри. Сѐ зависи од типот на ракети кои ќе бидат во употреба.
Ова го соопшти поранешниот генерален директор на главното системско-конструкторско биро од ПВО концернот „Алмаз-Антеј“ Игор Ашурбејл. Познатиот новинар Виктор Баранец цитираше некои делови од овој разговор во „Отворен пренос“ на ТВ-каналот „Ѕвезда“.
Ќе биде можно да се затвори воздушниот простор во радиус на системот С-300. Но, судејќи според Игор Ашурбејл, точната ситуација ќе зависи од локацијата на распоредувањето, затоа што Сирија е територијално голема земја. Во врска со тоа, испуштањето на израелските наведувани бомби поради кои беше соборен Ил-20 е извршено од дистанца од сто километри. Да беше С-300 предаден на Сирија уште пред пет години како што беше планирано (па беше откажано поради молбата на Тел Авив), авионите не ќе можеа да летаат без проблеми.
Системи за ракетна ПВО од типот на С-300 ѝ беа испорачани на Сирија откако руски Ил-20 беше соборен заедно со својот екипаж. Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу веќе го извести претседателот на Руската Федерација за испораката на системите за ПВО. Според Ашурбејл, системот за противвоздушна одбране С-300 единствено може да се спореди со најновата интеграција на американскиот „Патриот“, додека системите С-400 и С-500 немаат конкурент во светот
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче