Руската државна космичка корпорација „Роскосмос“ успешно тестираше беспилотен комбајн опремен со вештачка интелигенција, соопшти директорот на корпорацијата Дмитриј Рогозин.
„Возачите на комбајни во Русија наскоро ќе останат без работа. НПО „Автоматика“ (од Екатеринбург, креатор на контролните системи за ракетите „Сојуз-2“) успешно тестираше роботизиран комбајн кој го контролира вештачка интелигенција која самите стручњаци на компанијата ја направија, како и системот за технички вид. Прецизноста на обработката на полето е 2 см“, напиша Рогозин на „Твитер“.
Според него, порано или подоцна воведувањето на роботиката, вештачката интелигенција и автоматизацијата во производството „ќе ја измени структурата на пазарот на труд“. Според неговото мислење, во роботизацијата се наоѓа „клучот на воведување на неискористената земја во земјоделска употреба“.
Рогозин додаде дека времето за имплементација на овие технички достигнувања зависи од самите рурални производители.
Намерата да се направи во Русија беспилотен комбајн беше соопштена уште во јануари 2018.