Во Москва отворен полигон за беспилотни автомобили и автобуси

„Матрјошка М2Б8“, беспилотен патнички автобус.

„Матрјошка М2Б8“, беспилотен патнички автобус.

Дмитриј Серебрјаков/ТАСС
Во Москва се појави првиот отворен полигон за тестирање на беспилотен транспорт – автомобили и автобуси.

Како што соопштува прес-службата на управата на градот Москва, трасата на полигонот на техничкиот парк „Калибар“ во Останкинскиот реон е со должина од 400 метри и претставува урбана средина: на неа има автобуска станица, пешачки премини, сообраќајни знаци, ознаки и кружен тек - инфраструктура потребна за „обука“ на беспилотни возила.

Тестирањето на беспилотни возила на полигонот веќе почна. Автомобилите учат да комуницираат како со патната инфраструктура, така и со пешаците на пешачки премин, чија улога ја играат вработените на полигонот.

Како што е изјавија од прес службата на Одделот за наука, индустриска политика и претприемништво на Москва, полигонот ќе го користат не само жителите, туку и студентите и постдипломците на московските технички универзитети, пренесува НТВ.

                                                       

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња