На промоцијата беше прикажана видеоснимка од создавањето на самовозечкиот автобус КАМАЗ-1221 Ш.А.Т.Л., што претставува кратенка од од Широко Адаптивная Транспортная Логистика (широко адаптивна транспортна логистика).
Електробусот без возач беше демонстриран во статичен и во динамичен режим. Специјалниот пат на песочниот насип долж брегот на реката Казанка беше долг 650 метри. ШАТЛ на промоцијата се движеше со брзина од десет километри на час. Присутните можеа да се запознаат со иновативната конструкција, футуристичкиот дизајн и концептот на користење.
Самовозечкиот автобус што го разви КАМАЗ е наменет за движење по патишта со тврда подлога со користење на зададени дигитални мапи и систем на навигација.
Запирањето на автобусот КАМАЗ-1221 Ш.А.Т.Л., за излез и влез на патници се врши на места кои се одредени од страна на сообраќајната служба и кои ќе ги одберат патниците од предложениот список од маршрутата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче