Во овој момент е многу тешко да се предвиди до што би довел евентуален термонуклеарен удар по опасните геофизички зони на територијата на САД. Дали катаклизмичкиот потенцијал кој (веројатно) би се створил во тој момент ќе се задржи во „локални“ размери или како домино ефект би се раширил врз целата планета и би го уништил преостанатото човештво? Соговорник на рускиот интернет портал РИА „Новости“ за ова прашање беше воениот експерт Алексеј Леонков.
Неодамна во весникот „Воено-индустриски курир“ (Военно-промышленный курьер) е објавен текст кој се занимава со анализи на руските научници кои тврдат дека САД би можеле да бидат уништени од индивидуална експлозија на термонуклеарна бомба со тнр. хиперкалибар (се работи за оружје кое при својата експлозија може да ослободи енергија еквивалентна на повеќе од 100 мегатони) која би се детонирала во „критично опасните геофизички зони на територијата на САД“. На пример, една од интересните локации која според авторот на овој текст несомнено би довела до една сеопшта Јелустонскиот супервулкан, но и длабоките раседи на дното на Тихиот океан.
„Многу е комплицирано да се потврдат или негираат ваквите наводи, затоа што во оваа равенка учествуваат многу фактори кои се многу важни за успехот на ова сценарио. Точната пресметка на силата на нуклеарниот потенцијала, кој како детонаторска каписла би довел до создавање на такви услови, сѐ уште никој ја нема пресметано“, истакнува Леонков.
Тој напоменува дека за активирање на длабоките пукнатини и раседи во тектонските плочи на кои се наоѓа цел еден континент би била потребна далеку поголема количина на термонуклеарни бомби отколку што се мисли во овој момент. Леонков истакнува дека ваквата операција би можела да создаде многу опасна ситуација доколку биде неуспешна. Во тој случај во празно би се испукал скапоцен нуклеарен потенцијал со најголема разорна сила, што е апсолутно неприфатливо од воен аспект.
„Разорниот потенцијал на ова нуклеарно оружје е подобро да се примени директно, токму на начин како што е и предвидено. Неколку такви боеви глави со својата сила ќе зафатат далеку поголема површина од непријателската територија отколку евентуално придвижување на тектонска плоча“, нагласува експертот.
Исто така, според Леонков, сериозна комплицираност во предвидувањето на ефектот на евентуален термонуклеарен удар врз Јелоустонскиот вулкан крие неговиот калдер (кратер). Експертот напоменува дека не се знае колкава е неговата длабочина, ниту каков е неговиот геолошки состав.
Покрај тоа, дури и да дојде до колосална катаклизмичка реакција која би избила од утробата на земјата после еден таков удар, не се знае точно до што би довела. Таквата реакција може да биде со такви размери што би можела да ги уништи не само САД, туку и целото човештво.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче