Американски експерти: Русите ќе нѐ „потрупаат“ со тактички нуклеарни бомби од кои нема одбрана

Слободан Ѓукиќ
Нараснувањето и модернизацијата на руската нестратешка нуклеарна тријада сѐ повеќе го окупира вниманието на западните воени експерти. Водечкиот аналитичар на Националниот институт за државна политика Марк Шнајдер, кој беше и на висока позиција во Министерството за одбрана на САД, смета дека во моментов во светот само Русија им респектабилен арсенал кога е во прашање оваа категорија на вооружување. Развој на овие системи почна и НР Кина, само ние (се мисли на САД) на тој план не правиме ништо

Пред сѐ американскиот аналитичар кој го објави својот текст на сајтот Real Clear Defense напоменува дека руските тактички повеќенаменски ловци-бомбардери како што се Су-34 или класичните фронтовски бомбардери Су-24М2, во својот арсенал оружје можат да носат проектили со тактички нуклеарни боеви глави. Овие универзални воздухопловни платформи покрај класичните типови оружје од класата „воздух-земја“, можат да употребат и ракети со краток дострел кои носат тактички нуклеарни боеви глави, вклучувајќи ги тука и крстосувачките ракети чиј дострел надминува 1000 км. Покрај сето ова особено загрижува фактот дека рускиот невидлив авион Су-57 во својот „мев“ ќе може да „спакува“ перспективни крстосувачки ракети кои покрај конвенционалните боеви глави ќе носат и термонуклеарни боеви глави. Проектираниот дострел на оваа овие ракети ќе изнесува околу 1000 километри.

Шнајдер укажува на уште еден исклучително голем проблем со кој може да се соочи Војската на САД во хипотетички судир со воена сила каква што е Русија. Се работи за хиперсоничниот ракетен комплекс „Кинжал“ кој судејќи според сѐ ќе биде универзален затоа што покрај авионот МиГ-31К, ќе може да се базира и на останатите борбени авиони како што се Су-30СМ, Су-35С, Су-57 и перспективниот МиГ-41. Според неговите зборови максималниот дострел на оперативно-тактичкиот хиперсоничен ракетен комплекс „Кинжал“ ќе зависи од брзината на воздухопловната платформа во моментот на лансирањето на ракетата, како и висината на нејзината траекторија (максималниот дострел на ракетата „Кинжал“ која ќе ја лансира стратосферскиот ловец-пресретнувач МиГ-31К изнесува најмалку 2000 км).

„Ниту една држава од Западот не поседува ракетни системи со такви карактеристики кои се вооружени со нуклеарни боеви глави. Единствената ракета која може да го понесе таквиот епитет е суперосничната крстосувачка ракета од класата „воздух-земја“ ASMPA¹ која ја произведува францускиот производител Aérospatiale“, истакнува во својот текст Шнајдер, пренесува руски портал РГ, со напомена дека Русија до 2020 година во свое оперативно борбено дежурство ќе усвои нова генерација крстосувачки ракети со ефективен дострел од 200-1000 километри. Сите овие ракети ќе можат да носат конвенционално но и нуклеарно оружје со огромна разорна сила.

„Сѐ поочигледна е руската доминација во сферата на нестратешкото нуклеарно вооружување, особено во категоријата на ракетно оружје од класата „воздух-земја“, кое е разновидно и кое оваа држава го развива во големи количини. Единиците на руските Воздушно-космички сили и другите родови во рамките на нејзината армија во многу блиска перспектива ќе можат со овие средства да организираат фатален напад на кој ние нема да имаме ефикасен одговор“, заклучува Шнајдер.

¹ Оваа ракета е способна да погоди непријателска цел на растојанија од 300-500 км (во зависност од типот на боевата глава). Ракетата има тактичка и стратешка примена, затоа што може да понесе термонуклеарна боева глава TN 81 еквивалентна на 300 кт ТНТ.

Прочитајте повеќе: Авионот без кој не би постоел „Кинжал“: Супербрзата авиоплатформа МиГ-31К

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња