Руската војска постави специјален сателит во Земјината орбита

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Контролата над вселенското летало на руското Министерство за одбрана, кое е лансирано во четвртокот од космодромот Плесецк со помош на ракета „Сојуз-2.1б“, ја презедоа копнените средства на Воздушно-космичките сили, соопшти Одделението за информации и масовни комуникации на министерството.

„Вселенскиот апарат лансиран за потребите на руското Министерство  за одбрана од космодромот Плесецк во Архангелската област е сместен во пресметаната орбита во предвиденото време и е преземен за контрола од копнените средства на Воздушно-космичките сили“, прецизира Министерството за одбрана на РФ.

„Воспоставена е стабилна телеметриска конекција со леталото и таа се одржува. Системите на леталото функционираат нормално“, се наведува во соопштението.

„По преземањето на контролата над вселенското летало, нему му е доделен редниот број „Космос-2528“.

Прочитајте повеќе: Русите прават ракетен мотор што ќе го надмине РД-170 кој генерираше сила од 20 милиони коњски сили