Успешно тестиран руски сателит-убиец

Alexanda Hulme/Flickr
Руските космички трупи успешно тестираа сателит кој може да маневрира и да им се приближува на други орбитални апарати, да ги набљудува и во случај на потреба да ги ликвидира, изјавија од Министерството за одбрана на РФ за весникот „Известија“.

Во текот на тестирањето сателитот се одвоил од орбиталната платформа „Космос-2519” лансирана на 23 јуни 2017 година. Потоа апаратот ја изменил својата орбита, ѝ се доближил на платформата и ја набљудувал.

Проверено е функционирањето на копнените и на орбиталните средства за врска, како и управувањето со воениот сателит, а исто така и методите за балистички пресметки и софтверот. Потврдена е и можноста за автоматско одвојување на сателитот од платформата, далечинското управување со неговиот лет и користењето на уредите што ги има сателитот.

Ваквите сателити-убијци во иднина ќе имаат задача да набљудуваат други апарати и во случај на потреба, да ги ликвидираат. Тие ќе бидат важна компонента на руската орбитална група на сателити. Како што истакнува весникот „Известија“, во трката за вселенско вооружување овие сателити ќе имаат улога на одвраќање.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња