Американски астрофизичар тврди дека руските воени сателити ја менуваат орбитата

Jens Kalaene/ZB

Руските воени сателити-инспектори продолжуваат да маневрираат во своите орбити, изјави американскиот астрофизичар Џонатан Мекдауел врз основа на набљудувањето на овие вселенски објекти.

Сателити-инспектори се оние вселенски апарати кои имаат можност да се движат по орбитата и да вршат набљудувања или имаат друг вид на интеракција со други сателити.

„Од 27 јуни до 19 јули сателитот „Космос-2519“ изведе серија на палење на моторот и така ја смени својата орбита со параметри 644 на 659 километри на 318 на 664 километри. Вселенскиот апарат „Космос-2521“, изгледа, направи маневар на 20 јули за да премине од орбитата со параметри 346 на 352 километри на орбитата 292 на 348 километри”, вели истражувачот.

Притоа Мекдауел истакнува дека сателитот „Космос-2523” не ја променил орбитата од октомври 2017 година.

Во октомври 2017 година вршителот на должноста директор на Центарот „Хруничев” Алексеј Варочко соопшти дека ракета-носач од тешка класа „Протон-М” и воениот сателит за комуникација „Благовест” ќе бидат лансирани на 25 декември од космодромот Бајконур.

Прочитајте повеќе: Очите и ушите на руската армија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња