Американски адмирал зборува за опасноста од смртоносните руски подморници

Global Look Press

Денешните руски подморници се меѓу најтивките и најсмртоносните на светот, изјави командантот на американската Воена морнарица за Европа и Африка адмирал Џејмс Фого.

„Покрај нашите сопствени“, го цитира USNI News.

Фого е загрижен по повод руските воени капацитети во северниот Атлантик и на Арктикот. Тој укажува и на заканата за антиподморничката одбранбена линија на НАТО меѓу Гренланд, Исланд и Обединетото Кралство (Фаро-исландската линија).

Според него, политиката на националната безбедност на Русија е во судир со САД и нивните сојузници. Фого затоа повикува на зајакнување на безбедноста во водите на Европа и околу неа.

Тој изјави дека ракетите „Калибар“ демонстрираат „способност за удар по практично која било европска престолнина од кое било водно тело“ околу регионот.

Фого тврди дека во Атлантикот руските подморници ја тестираат одбраната на НАТО и се подготвуваат за „идни конфликти“.

Истовремено тој подвлекува дека САД се подготвени „да ги штитат и одржуваат стабилноста и безбедноста и, доколку биде неопходно, уништат секаква закана“.

Во август Фого призна дека Русија поседува многу ефикасни подводни сили.

Прочитајте повеќе: Американски аналитичари: „Казањ“ е досега најмоќната руска подморница со која ќе си имаме работа

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња