Руската морнарица добива подморници од четврта генерација

Sputnik
Нуклеарните повеќенаменски подморници „Јасен“ и „Јасен-М“ според својот ударен потенцијал наскоро ќе ја претставуваат најмоќната група подморници во руската воена морнарица. Ова за весникот „Краснаја звезда“ го изјави командантот на Воената морнарица на РФ адмирал Владимир Корољов.

Нуклеарните подморници од четврта генерација „Јасен“ и „Јасен-М“ се веќе во арсеналот на Северната флота. Тие ги извршуваат своите борбени задачи во оддалечените региони на Светскиот океан. И ги извршуваат успешно.

Според командантот на Воената морнарица на РФ Владимир Корољов во интервјуто за „Краснаја звезда“ во пресрет на 60-годишнината од нуклеарната подводна флота на Руската Федерација, изградбата на подморници од овој проект ќе биде продолжена и нив ќе ги поседуваат како Северната, така и Тихоокеанската флота. Планирано е до 2020 година да се направат 7 подморници „Јасен“, со тоа што 6 од тие подморници да се направат според модернизираниот проект 885М, пренесува порталот rg.ru.

„Јасен“ и „Јасен-М“ припаѓаат на серијата руски повеќенаменски нуклеарни подморници со крстосувачки ракети од четврта генерација. Главната подморница е „Северодвинск“ и таа е веќе во составот на Северната флота.  

Подморниците од овој проект под вода развиваат брзина од 31 јазли, а на површината 16 јазли. Работната длабочина им е 520 метри, а најголемата на која можат да се спуштат е 600 метри. Таква подморница може да помине непрекинато во пловидба 100 дена. Екипажот го сочинуваат 64 лица. Од вооружување подморниците имаат торпеда, мини и ракети, меѓу кои се и крстосувачките ракети „Оникс“ или „Калибар“.

Прочитајте повеќе за најбруталните руски подморници

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња