Припадниците на руските Воздушно-десантни сили (ВДВ) на здружената вежба во Египет ќе им покажат на своите египетски колеги како да вршат десант без падобран, соопшти прес-службата на ВДВ.
„Руските падобранци ќе демонстрираат различни методи на десантирање во текот на антитерористичката вежба на територијата на Арапската Република Египет. На оваа вежба, под назив „Заштитници на пријателството 2018“, руските падобранци првпат ќе изведат десант без падобрани од хеликоптери од руско производство од типот Ми-17 кои ги користи египетското воено воздухопловство“, се наведува во соопштението на ВДВ.
Се прецизира дека десантот на јуришните трупи ќе биде изведен со употреба на јажиња, додека хеликоптерите ќе лебдат на висина од 25 метри.
Здружената руско-египетска антитерористичка вежба „Заштитници на пријателството 2018“ ќе се одржува на територијата на Арапската Република Египет во периодот од 13 до 26 октомври. ВДВ на овој настан ќе го претставува одред од составот на Гардискиот десантно-јуришен кавкаски козачки полк од Ставропол со бројност од преку 200 луѓе.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче