Како снежна меќава: Илјада руски падобранци изведоа масивен десант над Улјановск

Слободан Ѓукиќ
На интернет се појави видео снимка од масивниот падобрански десант на големите воени маневри на воено-транспортната авијација на Воздушно-космичките сили и Воздушно-десантните сили. Во операцијата учествуваа повеќе од 2500 илјади „сини беретки“.

Главната фаза на воената вежба се изведува во Улјановската и Костромската област. Според зборовите на полковник Михаил Осипенко, вршител на должноста заменик-командант на десантните падобрански трупи задолжен за обука, повеќе од 1000 падобранци од Новоросијск првпат скокнаа со падобран во близина на Улјановск на полигонот „Восход“. Падобранците увежбуваа и десантирање во Костромската област.

Кај Улјановск десантот е изведен со 20 авиони Ил-76. Пред основните сили се десантирани специјалните сили кои се во рамките на ВДВ. Тие на местото на операцијата стигнаа со 8 авиони Ан-2. Веднаш по приземјувањето, специјалната единица го зазеде командниот пункт на условниот непријател во позадината на фронтот, соопшти информативната служба на Министерството за одбрана на Русија.

На видео снимката на ТВ каналот „Ѕвезда“ е прикажано како падобранците скокаат со минимални интервали меѓу скоковите и како истовремено од секој авион Ил-76 скокаат по два пара припадници на воздушно-десантните единици, така што од птичја перспектива се добива впечаток како да почнала снежна меќава.

По десантот падобранците го зазедоа аеродромот што го блокирала вооружена терористичка банда. Непосредно пред ликвидацијата на оваа уфрлена терористичка група, нивните позиции на аеродромот беа предмет на дејствување на бомбардерите-ловци Су-34.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња