На „Восток-2018“ Русите ќе ја тестираат способноста на експерименталниот падобрански баталјон

Министерство за одбрана на РФ
На стратешката воена вежба „Восток-2018“ ќе бидат испробани можностите на целосно нова формациска структура која во иднина ќе биде основата на модерните десантно-јуришни состави на руското ВДВ. Овие единици ќе имаат значително поинаква организациска шема опремена со најсовремено вооружување и специјална техника.

„Во рамките на големата воена вежба „Восток-2018“ со војниците на една од десантно-јуришните бригади на Воздушно-десантните сили на РФ ќе биде изведен експеримент со употреба на десатно-јуришни единици од „нов тип“, истакна командантот на ВДВ генерал-полковник Андреј Сердуков, пренесва интернет порталот РИА „Новости“.

Основната етапа на практичната примена на војската ќе биде изведена на воениот полигон „Цугол“. Според командантот на ВДВ, во план е употреба на аеромобилна единица које се наоѓа во рамите на овој експериментален десантно-јуришен состав. Таа има потполно нова организациска структура опремена со интегриран автоматизиран систем на управување, ново вооружување и техника.

Командантот на ВДВ нагласи дека споменатиот експеримент се изведува првпат со напомена дека се работи за многу важен исчекор кога е во прашање формациската структура и тактиката на примена на падобранските состави, кој во целина ќе го дефинира идниот развој на овој многу важен род на руската армија.

На маневрите „Восток-2018“ ВДВ ќе ја претставува силна оперативно-тактичка групација која ќе се состои од три десантно-јуришни состави од Улјановск, Бурјатија и Приморјето. Исто така, во вежбата ќе учествуваат војници и специјална техника која се наоѓа во рамките на самостојниот падобрански полк за врски од Подмосковјето.

Потсетник

Стратешката воена вежба „Восток-2018“ се одржува на рускиот Далечен Исток во периодот од 11 до 17 септември 2018 година. Министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу напомена дека овие маневри се еден од најкрупните настани од тој вид во историјата на руската армија. „Во вежбите ќе учествуваат околу 300 илјади војници и офицери, повеќе од 1000 авиони, хеликоптери и беспилотни летала, околу 80 бродови и помошно пловни средства, 36 илјади тенкови, оклопни транспортери и други средства за различна намена“, нагласи притоа рускиот министер.

Прочитајте повеќе: Руското Министерство за одбрана објави видео од почетокот на најголемите маневри „Восток-2018“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња