САД не веруваат во супериорност на F-35 над С-300?

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

„Тоа што Американците се обидоа да го направат својот авион невидлив не значи и дека успеале во тоа. Не е за чудење тоа што Пентагон неочекувано објави потреба за дополнителни испитувања на F-35. Тоа е јасен показател дека самите Американци не веруваат во ефикасноста на F-35 против ракетниот систем за противвоздушна одбрана од типот С-300“, изјави воен аналитичар за EurAsian Times.

Во статијата се истакнува дека F-35 Lightning II е правен против С-300, до кого Вашингтон инаку имаше пристап. Како што се наведува, по извештајот за можната испорака на С-300 на Иран, Израел „ѝ плати на Грција многу пари“ за да добие пристап до руските ПВО-системи кои ги поседува Грција. Исто така, и САД успеаја да набават одредени елементи на овој систем и во Белорусија.

Меѓутоа, експертите истакнуваат дека САД се докопале единствено до раните верзии на С-300, а „разликата меѓу денешните технологии и оние кои беа во употреба 1978 година е огромна“.

Воените експерти потврдуваат дека С-300 „драстично ќе ја засили сириската противвоздушна одбрана“, но само во една област, бидејќи само 4 системи му се испорачани на Дамаск. Како што се забележува во текстот, израелското воено воздухопловство е доволно големо и доволно добро вооружено да може да поднесе таква заштита на своите граници.

Одлуката за испорака на Дамаск на системи С-300 беше донесена како одговор на израелските акции при соборувањето на рускиот авион Ил-20.

На 2 октомври министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу го извести рускиот претседател Владимир Путин за испораката на системите С-300 на Арапската Република.

Прочитајте повеќе: Медиумите објавија кој е радиусот на дејство на С-300 во Сирија