Русија ќе испрати во Сирија системи за противелектронска борба „Красуха“ и „Житељ“

Слободан Ѓукиќ
Според зборовите на челниците на компанијата КРЕТ (КРЭТ) овие системи за противелектронска борба ефикасно ќе го сузбијат радарското извидување и ќе ја оневозможат сателитска навигација.

Еден од најмодерните руски системи за противелектронска борба „Красуха-С4“ наскоро би можел да биде испратен во Сирија¹. Ова за РИА „Новости“ го изјави првиот заменик-генерален директор на концернот „Радиоелектронски технологии“ (КРЕТ) Владимир Михеев. Целиот текст го пренесува интернет порталот ТВ „Ѕвезда“.

„Се претпоставува дека во Сирија ќе испратиме системи за противелектронска борба чија основна функција ќе биде активно противдејство на непријателското радарско извидување, а за такво нешто е најдобра „Красуха-С4“, нагласува Михеев.

Според неговите зборови, во зависност од специфичноста на теренот каде се испраќа системот, првин е неопходно да се одработат техничките подготовки кои подразбираат негово дополнително програмирање и интелектуална надградба.

Покрај овој систем, во Сирија веројатно ќе отиде и дополнителен број специјална техника која ќе врши опструкција на сателитската навигација.

„Овде очигледно се работи за современите системи за противелектронска борба „Житељ“ кои од неодамна се наоѓаат во вооружувањето на руската армија“, истакнува Михеев.

¹ Инаку една „Красуха-4“ веќе се наоѓа на просторот на воздухопловната база „Хмејмим“ каде во значителна мера е заслужна за онеспособување на поголем број крстосувачки ракети кои беа употребени при ракетирањето на Сирија во април 2018 година.

Прочитајте повеќе: Да се заслепи и поништи: Топ 5 руски системи за радиоелектронска борба

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња