Руска телевизија прикажа нова снимка од испораката на системите за противвоздушна одбрана С-300 на Сирија.
На снимката што ја објави ТВ-каналот „Ѕвезда“ се гледа истоварување на наведениот систем од воен транспортен авион Ан-124 „Руслан“.
Одлуката за снабдување на Сириската Арапска Република со систем С-300 беше донесена како одговор на израелското учество во падот на авионот Ил-20. На 2 октомври министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу го извести претседателот Владимир Путин за испораката на системот на Сирија.
Потоа САД одлучија да го снабдат Израел со дополнителна количина ловци F-35. Русија советуваше да не се испитува ефикасноста на рускиот С-300 против американскиот F-35.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче