Путин: До крајот на годината морнарицата добива 26 бродови од кои 4 опремени со ракети „Калибар“

Максим Константинов/Global Look Press

Руската морнарица до крајот на оваа година добива 26 нови бродови и пловила од кои четири ќе бидат опремени со ракети „Калибар“, изјави претседателот на Русија Владимир Путин на свеченоста во Санкт Петербург по повод Денот на Воената морнарица на Русија.

Доброто темпо на превооружување и модернизација е огромна заслуга на вработените во нашата бродоградба, резултат на нивниот професионализам и одговорниот однос спрема работата. Високата борбена готовност и ефикасност на поморските сили е најважната компонента на осигурувањето на борбената способност на земјата и безбедноста на нејзините граѓани, рече Путин, нагласувајќи дека реализацијата на мерките насочени кон зајакнување и развој на флотата и зголемување на нејзината опременост ќе бидат продолжени.

„Да се биде морнар во Русија отсекогаш било чест, олицетворение на храброста. Смелост и самопрегор. Таквото уважување е заслужено. Сите знаат колку е тешка и одговорно работата на морнарот. Тоа е служба во сурови услови и честа одвоеност од домот и семејството. Но, за морнарите секогаш била и остана најважна големата цел – служењето на татковината“, нагласи шефот на руската држава.

„Припадниците на морнаричките сили на руската војска секогаш меѓу првите ги овладуваа достигнувањата во сферата на науката и техниката, инженерството и проектирањето. Обезбедувањето на потребите на флотата има за задача да го продолжи поттикнувањето на развојот и воведувањето на напредни иновативни технологии и да биде еден од двигателите на технолошкиот прогрес“, рече Путин, истакнувајќи дека тоа ќе значи константен проток на напредни знаења во цивилниот сектор. 

„Сигурен сум дека сите кои денес служат во воената морнарица се свесни дека зад нив стои големата историја на домашната флота, сите извонредни успеси на нашите претходници, прегорот на нашите ценети ветерани. Ѝ посакувам на сегашната генерација морнари достојно да ја продолжат таа голема традиција“, рече рускиот врховен командант и наздрави за слава и моќ на Воената морнарица.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња