Руските научници од Универзитетот за информациони технологии, механика и оптика (ИТМО) во Санкт Петербург направија уникатен ласер кој овозможува растојанието до Месечината да се измери со точност од неколку милиметри.
Ова откритие е од огромно значење за современите навигациски системи GPS и ГЛОНАСС. Тие системи го мерат растојанието меѓу неколку сателити и објекти кои треба да се лоцираат, со тоа што координатите на сателитите мораат да бидат многу попрецизно одредени. Бидејќи Месечината поради својата голема маса влијае на траекторијата на сателитите, за прецизно одредување на нивните координатите мора да се зема предвид и растојанието до ова небесно тело. Тоа се мери со помош на ласерски локатори. Доколку позицијата на Месечината не се одреди доволно прецизно, тогаш грешката во податоците на системот за навигација ќе биде премногу голема. Сега, по откритието на руските научници, системот за навигација може да стане одличен детектор на објекти со прецизност од неколку милиметри.