Руските научници знаат како да уништат опасен астероид со нуклеарна експлозија

Getty Images
Руските научници се во состојба да ја пресметаат јачината на нуклеарната експлозија која е потребна за уништување на секој конкретен астероид кој се заканува да се судри со Земјата.

Група научници од Московскиот институт за физика и техника (МФТИ), Институтот за вселенски истражувања и двата истражувачки института на Руската државна корпорација за нуклеарна енергија „Росатом“ пресметаа со помош на модел во колкава точно мера нуклеарната експлозија деструктивно ќе влијае на астероидот.

За идејата за уништување на астероиди со нуклеарна експлозија руските научници размислуваат од денот кога метеорит со пречник од 17 до 20 метри експлодираше над Челјабинск. Ударниот бран ги скрши сите стакла во градот, урна покрив на една фабрика, а 1210 луѓе побараа медицинска помош.

Во 2016 година истражувачите од Томскиот универзитет со помош на суперкомпјутерот СКИФ изведоа неколку тестови обидувајќи се да сфатат како да разнесат со нуклеарно оружје астероид со пречник од 200 метри. Претходно стручњаците на руската вселенска агенција учествуваа во европско истражување за користење на нуклеарно оружје во одбрана од смртоносни вселенски тела.

Сепак одделни астрономи ја критикуваа оваа идеја. Борис Шустов, директор на Рускиот институт за астрономија рече дека нуклеарна бомба против астероид е како обид да се скрши орев со парен чекан. Но сега научниците тврдат дека се во состојба да ја пресметаат точната силина на нуклеарната експлозија.

Со таа цел направија минијатурни модели со сите физички карактеристики на астероид, вклучувајќи различни форми и структура. Температурата и притисокот кои се потребни да се уништи ваква минијатурна копија со ласер е споредлива со нуклеарна експлозија против вистински астероид.

„Ние исто така размислуваме како да ја промениме патеката на астероидот и се надеваме дека колегите во светот ќе ни се приклучат“, вели Владимир Уфа, професор на Московскиот институт за физика и техника.

Резултатите од истражувањето се објавени во Магазинот за експериментална и теориска физика.

Прочитајте повеќе: Научници ја открија тајната на метеоритот од Челјабинск

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња