Се засилува нуклеарната тријада: Почна ремонтот на стратешкиот подводен ракетоносец К-117 „Брјанск“

Слободан Ѓукиќ
Оваа нуклеарна подморница спаѓа во класата 667БДРМ „Делфин“ (НАТО кодификација Delta-IV). Се одликува со застрашувачка ударна моќ која се состои од 16 интерконтинентални балистички ракети на течно гориво Р-29РМ „Синева“ или нејзината модификација Р-29РМУ2.1 „Лајнер“. Овие ракети можат да погодат цел на далечина од 11000 километри.

Министерот за одбрана на РФ, генерал на армија Сергеј Шојгу, изјави денеска дека започнал ремонтот на стратешката нуклеарна подморница К-117 „Брјанск“. Покрај тоа, наскоро се очекува и спуштање во вода на два површински брода и завршување на ремонтот на уште две подморници.

„Групата ОСК веќе почна со ремонт на атомската подморница „Брјанск“, но и на тешкиот крстосувач-носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“. Исто така се вршат работи за изградба на воени бродови од современите класи“, истакна рускиот министер за одбрана на видео-конференцијата за новинарите во зградата на Министерството за одбрана на Руската Федерација, пренесува интернет сајтот РИА „Новости“.

„Годинава е завршена изградба на четири воени бродови и специјални пловила кои се проектирани за работа на далечните мориња и океани“, истакна Шојгу.

Според него, ремонтирана се стратешката нуклеарна подморница К-114 „Тула“ и дизел-електричната подморница „Дмитров“, ракетниот крстосувач „Маршал Устинов“, додека во вода се спуштени основниот минополагач „Иван Антонов“ и спасувачкиот брод „Капетан Гурјев“.

Ракета тешка како основен борбен тенк?

Подморницата К-117 „Брјанск“ (како и во споменатата К-114 „Тула“) спаѓаат во подводните ракетоносци за стратешка намена од класата 667БДРМ „Делфин“ (НАТО кодификација Delta-IV). Нивната должина достигнува речиси 170 метри (167, 4 метра), ширината 12 метри, а вкупниот подводен депласман речиси 18200 тони. Подморниците од оваа класа се способни да достигнат длабочина и до 650 метри (работната длабочина се наоѓа во распон од 300-400 метри). Ја движат два нуклеарни реактори ВМ-4СГ кои сумарно генерираат сила од 180 мегавати. Подморницата може да плови со брзина и до 24 јазли, а нејзината автономија на пловидба е проценета на 80-90 дена. Екипажот се состои 135-140 луѓе.

Покрај силното торпедно вооружување, таа се одликува и со застрашувачка ударна моќ која се состои од 16 интерконтинентални балистички ракета на течно гориво Р-29РМ „Синева“ или нејзината модификација Р-29РМУ2.1 „Лајнер“. Овие „ракети-чудовишта“ се долги 15 метри, нивниот дијаметар изнесува 1900 мм, а тежината на една ракета е еквивалентна на тежината на основен борбен тенк, поточно 40,5 тони. Максималниот дострел на оваа ракета е 11000 км, а е вооружена со четири термонуклеарни боеви глави со поединечна сила од 500 кт.

Прочитајте повеќе: Руската морнарица добива подморници од четврта генерација

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња