Русија подготвува невидено оружје врз нови физички принципи

Електромагнетно оружје против беспилотни летала првпат на изложбата „Армија 2017“ во Подмосковје.

Електромагнетно оружје против беспилотни летала првпат на изложбата „Армија 2017“ во Подмосковје.

RT
Новата државна програма за вооружување подразбира широко воведување на високопрецизно и хиперсонично оружје, соопшти шефот на Комитетот за одбрана и безбедност на Советот на Федерацијата Виктор Бондарев.

„Сега сме посветени на подготовката на новата државна програма за развој на вооружувањето до 2025 година. Принципиелно важен  момент на таа програма е усовршувањето и широкото воведување на високопрецизно оружје. Тоа е оружје кое е засновано на нови физички принципи како што е хиперсоничната брзина“, го цитира Бондарев „РИА Новости“.

Создавањето на оружје со технологии кои претходно не се применувани го најави во 2016 година концернот „Радиоелектронски  технологии“. Тогаш беа споменати микробранови топови кои можат невидливо, нечујно и селективно да горат непријателски електронски уреди. Со такво оружје ќе бидат опремени беспилотните јуришни летала од шеста генерација. Заменик-министерот за одбрана Јуриј Борисов изјави дека борбените ласери веќе се во арсеналот на руската армија.

„Моќниот военоиндустриски потенцијал на Русија успешно се реализира. Имаме прилично уникатни иновации“, истакна сенаторот.

Во зависност од принципот на дејство, борбените системи врз нови физички принципи се делат на ласерско, радиобраново, оптичко, кинетичко и друго оружје. Неговите модели се демонстрирани на затворениот дел од форумот „Армија 2016“, наведува порталот rg.ru.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња