Во Русија создаден „микробранов“ топ за неутрализација на наведувано оружје

Обединетата корпорација за производство на инструменти (ОПК) создаде „микробранов топ“ кој е во состојба да ја неутрализира електрониката на беспилотните летала и боевите глави на наведуваното оружје, соопшти претставник на корпорацијата.

Обединетата корпорација за производство на инструменти (ОПК) создаде „микробранов топ“ кој е во состојба да ја неутрализира електрониката на беспилотните летала и боевите глави на наведуваното оружје, соопшти претставник на корпорацијата.

„Микробрановиот топ” е направен за Министерството за одбрана и ќе биде претставен на форумот „Армија-2015” во затворениот дел на програмата. Техничките карактеристики не се откриваат во целост, но, како што истакнува претставникот на ОПК, дострелот надминува 10 километри. Според техничките карактеристики ова оружје нема познати пандани во светот, пренесува РИА „Новости”.  

„Системот се состои од моќен релативистички генератор и параболична антена, систем за управување и контрола, систем за пренос, кои се поставени на платформа на противракетниот систем „Бук“. Доколку се монтира на специјална платформа, „микробрановиот“ топ може да обезбеди одбрана во радиус од 360 степени”, изјави претставник на ОПК.

Според неговите зборови, системот е во состојба да ја наруши работата на електронската апаратура на воздушни објекти кои летаат ниско и на елементи на наведувано оружје во случај на напад. „Топот” ја нарушува работата на апаратурата на авионите, беспилотните летала и неутрализира наведувано оружје, објаснуваат конструкторите. 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња