Русите започнаа активно тестирање на беспилотно летало кое ќе се лансира од ПРЛ „Смерч“?

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Рускиот експерт од сферата на развојот на беспилотните летала Денис Федутинов ги наведе основните предности на извидувачкиот беспилотен апарат кој ќе се лансира од повеќецевниот ракетен лансер „Смерч“.

Според зборовите на Федутинов, основната предност на ваквиот тип беспилотно летало над другите извидувачки дронови со мала брзина е големата веројатност за совладување на средствата на непријателската ПВО, пренесува интернет медиумиот „Взгљад“.

Беспилотното летало со помош на ракета лансирана од повеќецевниот ракетен лансер ќе ги прелета одбранбените позиции каде што се наоѓа ПВО на непријателот. Тоа ќе го постигне благодарение на големата брзина на ракетата-носач која се лансира од ПРЛ што претставува многу сложена цел за пресретнување од страна на ПВО. Од друга страна, во голем број случаи ПВО нема ни да дејствува затоа што ќе смета дека се работи за стандардни ракети од „Смерч“ со класични боеви глави. Значи, беспилотното летало благодарение на тоа ќе има високо ниво на прикривање.

Федотов истакна дека основната задача на беспилотното летало од овој тип е набљудување на копнени позиции каде што се наоѓа непријателот, особено кога е во прашање следење на ефектите на огнот од системи на ПРЛ со голем дострел како што е „Смерч“, и негова корекција.

Според информациите кои доаѓаат од конструкторите на ова беспилотно летало, истото се наоѓа во фаза на испитување и според моменталните резултати тоа може да врши извидување на непријателски позиции од висина од 500 метри во временски интервал до максимум 20 минути. За тоа време тоа може ефикасно да пребара простор со површина од 25 квадратни километри.

Изворот напоменува дека во саботата стартуваше активната фаза на тестирањето на експерименталните примероци на новото беспилотно летало кое се лансира со помош на стандардна ракета со калибар 300 мм од ПРЛ „Смерч“.

Погледнете го тестирањето на најголемото офанзивно беспилотно летало во Русија